30 години стар лек за срце помага во третирање на тип 1 дијабетес

Боцкањето на прстите и дневните инсулински инјекции се моментално водечкиот третман за оние со тип 1 (па и со тип 2) дијабетес, состојба каде бета клетките кои создаваат инсулин се уништени.

Пациентите често пати се соочуваат со преголемо коригирање на нивните нивоа на шеќер во крвта, што потенцијално може да доведе до хипогликемија и кома.



Инсулинот е одговорен за регулирањето на количината на шеќер во крвта, а дисфункциите поврзани со него можат да предизвикаат дијабетес, болест која постои во две варијанти: тип 2, кога телото станува резистентно на инсулин и не може ефективно да го користи, и тип 1, каде имунолошкиот систем ги уништува бета клетките кои го создаваат инсулинот во панкреасот.

Сега, научниците решиле да направат третман така што стар лек ќе го пренаменат да прави други „трикови“.

Се покажало дека лекот верапамил кој се користи за третирање на висок крвен притисок исто така е ефективен и за стабилизирање на нивото на шеќер во крв кај пациентите со тип 1 дијабетес, така што го подобрува преживувањето и функцијата на бета клетките.

Др. Анат Шалев, авторот на студијата и професор по ендокринологија, дијабетес и метаболизам, вели дека претходно тој и неговиот тим откриле дека елевацијата на клучен протеин наречен TXNIP како одговор на зголемен проток на јони калциум во бета клетките била клучен фактор и кај тип 1 и тип 2 дијабетесот.

Верапамилот ја блокира активноста на каналите со калциум, што го редуцира нивото на TXNIP протеинот, запирајќи го губитокот на бета клетките кај пациентите со тип 1 дијабетес.

Сега засега ова е единствен лек кој го таргетира овој процес, бидејќи повеќето останати третмани се дизајнирани да го заменат инслуниот или да ги натераат клетките да го лачат.

Клинички тестови врз 24 возрасни пациенти со тип 1 дијабетес во времетраење од 3 месеци покажале дека оние кои земале верапамил покрај инсулин, имале потреба од помалку инсулин дневно, како и помалку хипогликемични епизоди и подобра контрола на шеќерот.

Верапамил е на пазарот над 30 години, организмот многу добро го толерира и има многу малку, накај воопшто никакви негативни ефекти.

И покрај тоа што верапамилот е единствениот лек одобрен од FDA за намалување на крвниот притисок, тој е евтин и на располагање на јавноста – 30 капсули од 240 микрограма чинат околу $26, а тој би требало да се користи во комбинација со инсулинот – со тоа што количината инсулин ќе треба да се намали.

Некои поранешни студии покажуваат дека истиот лек може да ја подобри состојбата и на пациентите со тип 2 дијабетес. Сега Шалев и неговиот тим планираат да ја прошират нивната студија со повеќе пациенти, меѓу кои и помлади деца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...