Тестирана експериментална HIV вакцина со резултати кои ветуваат

Нов кандидат за HIV вакцина е тестиран врз луѓе и мајмуни, со резултати кои ветуваат.

Скоро 400 здрави неинфицирани возрасни личности на возраст од 18 до 50 години биле третирани со неа во периодот помеѓу февруари и октомври 2015-та и имале имунолошки одговор на вакцината и добро ја толерирале, додека кај мајмуните 67% биле заштитени против сродната SHIV инфекција. Партиципантите инаку биле третирани во клиники во источна и јужна Африка, Тајланд и САД, со 7 комбинации на вакцината.

Ова е една од само 5-те вакцини кои стигнале до оваа фаза на тестирањето во последниве 35 години откога е започната епидемијата на HIV/AIDS.

Клучниот чекор кој ќе мора да го помине ќе бидат 2600-те подложни на ризик жени од Јужна Африка во втората фаза на тестирањето, за да се види дали вакцината може навистина да ги заштити од HIV инфекцијата.

Во ваквите видови на услови од реалниот живот, останатите опции потфрлиле во долгорочната заштита бидејќи биле базирани на нишка на HIV од специфичен регион во светот, а вирусот рапидно мутирал ефективно застарувајќи ја вакцината уште пред таа да биде употребена.



Новата вакцина е направена со поразличен пристап и е наречена „мозаик“ вакцина бидејќи содржи делови од различни HIV вируси кои ги комбинира заедно за да предизвика имунолошки одговор на сите нив.

Годишно има околу 1.8 милиони нови случаи на HIV, а безбедна и ефективна вакцина би била неверојатна алатка во запирањето на пандемијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...