Паметен завој за надгледување и лечење на хронични рани

Хроничните рани на кожата се тешки за третирање, но истовремено и не смеат да бидат премногу третирани со изложување на пациентите на повеќе антибиотици отколку што е потребно.

Затоа, научниците од универзитетот Туфт од Масачусетс развиле „паметен“ завој кој испушта лек само кога тоа е потребно.



Прототипот е дебел само 3mm и се состои од транспарентна медицинска лента, антибиотски гел кој се активира со топлина и флексибилни електронски компоненти.

Една од тие компоненти е сензор кој ја мери pH вредноста на раната, која доколку е значително над 6.5 индицира дека таа е инфицирана. Завојот исто така содржи и сензор за температура, кој ја детектира топлината асоцирана со воспаление на раната. Дополнително, научниците развиле и сензори кои би можеле да се додадат да ја мерат оксигенацијата, која е знак на заздравување.

Интегрираниот микропроцесор ги анализира отчитувањата од сензорите и доколку се детектира инфекција/воспалување, тој привремено ги активира елементите кои го загреваат гелот кој испушта антибиотици во раната.

Повеќето од овие компоненти се релативно евтини, и едноставно би се фрлиле откога завојот би се отстранил. Единствен исклучок е микропроцесорот, кој би можел да се дезинфицира и повторно да се користи.

Пред-клинички тестови на оваа технологија веќе се во тек, а друг тим работи на различен паметен завој кој испушта антибиотици на раните според претходно утврден распоред.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...