Бебе во Индонезија родено со 2 лица

Гиланг Андика е 2-месечно бебе од Батам, Индонезија, родено со две лица и два мозоци, но со едно тело и еден череп.

Ова е исклучително редок и екстремен случај на споени близнаци, кој се појавува кога има компликации во делбата на јајцето во раната бременост и ембрионите не се раздвојуваат како што е нормално.



Мајка му на Андика не била запознаена дека нешто невообичаено се случува со нејзината бременост пред да се породи и покрај трите ултразвучни снимања, докторите од болницата не детектирале никаква абнормалност.

Како резултат на неговата состојба, Андика боледува од понекогаш фатално таложење на течности во мозокот, состојба наречена хидроцефалус, која може да предизвика преголем притисок на мозокот, што пак може да индуцира потешкотии во учењето, епилепсија, проблеми со видот, меморијата, говорот, физичката координација и вниманието.

Неговите родители сега се надеваат дека ќе може да биде изведена хируршка операција која би му ја подобрила состојбата, но парите не се единствениот проблем . За да го излечат Андика, хирурзите можеби ќе треба да направат операција со екстремно висок ризик за да ги отстранат едниот мозок и лице, како и делови од черепот. Според последните извештаи, докторите рекле дека не се во можност да ја изведат операцијата и дека Андика најверојатно нема да живее долго поради неговата состојба.



Споените близнаци се екстремно ретки, а близнаци споени во главата се уште поретки – еден во 2.5 милиони породувања. Овој специфичен вид на краниопагус се нарекува краниофацијална дупликација или дипросопус (што значи „две лица“ на грчки) и ја опишува состојбата каде сите или некои делови на лицето се дуплицирани на главата.

Сличен ваков случај имало во Сиднеј, Австралија, во 2014-та, каде близнаците преживеале 19 дена. Во целата човечка историја, само 35 вакви случаи биле пријавени пред 2014-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...