Нов третман за Паркинсоновата болест започнува со тестирања врз луѓе

Јапонски истражувачки тим од центарот за истражување и апликација на iPS клетки при универзитетот Кјото, објавил дека ќе започне тестирање врз луѓе на нов третман за Паркинсоновата болест.



Тоа било решено по успешно поминатата прва фаза од тестирања врз животни. Паркинсоновата болест влијае на околу 10 милиони луѓе низ целиот свет, а тоа е болест која ги редуцира невроните во мозокот кои создаваат допамин.

Губитокот на мозочни клетки предизвикува тремор во рацете и нозете, како и вкочанетост на телото. Иако постојат третмани кои ги олеснуваат овие симптоми, лек сè уште нема.

Тимот планира да инјектира индуцирани плурипотентни матични клетки (iPS) во мозокот на пациентите. Петте милиони клетки имаат потенцијал да се развијат во било која клетка од телото – вклучувајќи ги и невроните кои создаваат допамин.

iPS клеточната технологија била креирана во Кјото универзитетот во 2006-та, а таквите клетки можат да бидат генерирани од возрасни клетки, без користење на ембрионски матични клетки. Креаторот на оваа технологија, Шинија Јаманака добил Нобелова награда во 2012-та.

Во првата фаза од тестирањата биле користени мајмуни со Паркинсонова болест, кај кои по 2 годишна опсервација било откриено дека движењето им било подобрено и не се развиле никакви тумори кои би можеле да станат канцерогени.



Тестирањето врз луѓе започнува на 1ви август со 7 пациенти, и е отворено само за оние кои живеат во Јапонија и имаат јапонско здравствено осигурување. Иако iPS клетките можат да бидат генерирани од клетки од пациентот за да се намали шансата да бидат отфрлени од неговото тело, во овие тестирања ќе се користат клетки од други донори, а пациентите ќе добиваат такролимус, имуносупресант кој ќе им помогне да го избегнат отфрлањето на клетките.

iPS клетките можат да се користат и во третмани за други болести, како оние на срцето и старосната макуларна дегенерација (слепило).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...