Откриен нов микро-орган во имунолошкиот систем

Истражувачите идентификувале сосема нов „микро-орган“ во имунолошкиот систем кај луѓето и глувците, прво откритие од овој вид во последните декади, кој на научниците би можел да им отвори пат за развивање на поефективни вакцини во иднината.

Вакцините се базирани на векови истражувања кои покажуваат дека штом еднаш телото ќе се сретне со специфичен вид инфекција, со истата може подобро да се справува наредниот пат кога ќе ја добие. Новото истражување сугерира дека микро-органот би можел да е клучот за тоа како нашето тело го „помни“ имунитетот.



Истражувачите од Гарван институтот за медицински истражувања во Австралија откриле тенки рамни структури врз лимфните жлези од имунолошиот систем кај глувците, кои ги нарекле SPF.

Овие функционираат како биолошки „штабови“ за планирање на напад врз инфекциите и кај глувците се појавувале само кога нивните имунолошки системи се бореле против инфекции со кои веќе претходно се имале справено.

Истите SPF биле забележани и на човечките лимфни јазли, сугерирајќи дека и нашите тела реагираат на истиот начин.

Според истражувачите, кога телото се бори со бактерии чиј број се дуплира секои 20 до 30 минути, секој момент е важен и поради тоа од огромно значење е имунолошкиот систем да реагира брзо за да ја спречи инфекцијата бидејќи во спротивно може да настапи смрт. Вакцините се исклучително важни бидејќи го тренираат имунолошкиот систем за да може брзо да создаде антитела кога ќе се појави некоја инфекција, а досега научниците не знаеле каде и како точно тоа се случува.

Научниците сметаат дека SPF-ата не биле забележани досега бидејќи традиционалната микроскопија анализира тенки 2D парчиња ткива, бидејќи и самите тие се исклучително тенки и се појавуваат само привремено.



Во овој случај, тимот истражувачи направил еквивалент на 3D филм од имунолошкиот систем во акција, со што била забележана колекција на многу различни видови имунолошки клетки во овие SPF-а. Во нив биле вклучени и клетките од видот Memory B, кои на имунолошкиот систем му кажуваат како да се бори против одредена инфекција, а кои потоа се претвораат во плазма клетки кои создаваат антитела кои всушност се борат со неа.

SPF-aта се стратешки поставени на локации каде бактериите би напаѓале и ги содржат сите состојки да се одбранат од инфекцијата.

Сега откога знаеме како телото се бори против инфекциите, би можеле да ги унапредиме техниките со кои се изработуваат вакцините. Сегашните вакцини се фокусираат на создавање Memory B клетки, но оваа студија сугерира дека процесот би можел да биде поефективен доколку се открие начинот на кој што тие се трансформираат во плазма клетки преку SPF-ата.

Сето ова е потсетник дека сè уште постојат многу мистерии скриени во нашите тела, иако научниците во нив гледаат над 300 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...