Мускулна дистрофија излекувана со нова CRISPR метода

Модификувањето на гени со CRISPR штотуку помина уште една граница – за прв пат, научниците ја користеле оваа метода за лекување на кучиња од болеста ДМД.

ДМД е дегенеративна болест предизвикана од генетска мутација која ја запира продукцијата на дистрофин, важен протеин кој го има во мускулите, што резултира со прогресивна мускулна дегенерација.

Но, со внимателно отстранување на генот кој ова го предизвикува, истражувачите од медицинскиот центар при универзитетот во Тексас успеале да го повратат дисторфинот во мускулите и срцевото ткиво на кучињата до 92% од нормалното негово ниво, додека нивото на дисторфин во дијафрагмата било вратено на 58%.

Бидејќи ДМД е највообичаената фатална генетска болест кај децата, има голема надеж дека оваа техника би можела во не толку далечната иднина да се користи и за третирање на луѓе.



Децата со ДМД често умираат бидејќи нивните срца ја губат силината да пумпаат, или нивната дијафрагма станува преслаба за да дишат, додека возрасните кои ја имаат болеста имаат потешкотии со движењето, значително ослабување на мускулите, а во одредени случаи им е потребна и асистенција при дишењето со разни апарати.

Кај луѓето болеста е предизвикана од дефективен ген на Х хромозомот и вообичаено се јавува кај машките бидејќи тие имат само еден Х хромозом кој ако не продуцира дисторфин, нема кој да го замени.

Иако за болеста постојат неколку третмани кои олеснуваат некои од симптомите, моментално не постои лек за неа.

Новата стратегија е различна од разните терапевтски пристапи бидејќи ја отстранува мутацијата која ја предизвикува болеста и ја враќа нормалната експресија на дисторфинот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...