AI систем предвидел будење на пациенти од кома спротивно од тврдењата на докторите

Најмалку 7 пациенти во Пекинг за кои докторите велеле дека нема надеж некогаш да се освестат, биле ре-евалуирани од систем со вештачка интелигенција (AI) кој предвидел дека тие ќе се разбудат во текот на една година – што и се случило.

Еден 19 годишен пациент поминал 6 месеци во вегетативна состојба по несреќа која му предизвикала сериозна повреда на левата слепоочница.



Некои од најдобрите кинески невролози извршиле 4 рунди на проценки за неговиот потенцијал за опоравување и му дале 7 од 23 поени на скалата за закрепнување од кома – што значи дека неговата фамилија имала легално право да го исклучи од машините за животна поддршка.

Но, откога ги анализирал неговите мозочни скенови, компјутерот му дал повеќе од 20 поени.

Во друг случај, докторите на една 41 годишна жена која преживеала мозочен удар и била во вегетативна состојба 3 месеци и дале 6 поени, додека компјутерот и дал 20.23.

Овие двајца, како и уште 5 други пациенти за кои докторите верувале дека никогаш нема да закрепнат, се разбудиле во првите 12 месеци по мозочното скенирање, како што AI системот предвидел.



Системот направил и некои грешки – 36 годишен маж кој имал оштетување на мозокот поради мозочен удар добил ниски оценки и од компјутерот и од докторите, но целосно закрепнал за помалку од една година.

AI системот инаку бил развиен по 8 годишно истражување од кинеската академија на науките и PLA болницата во Пекинг, а постигнал над 90% точност во неговите прогнози.

Според истражувачите кои го имаат создадено, нивната машина „гледа“ работи “невидливи за човечките очи“.

Мозокот на пациентите се скенира со магнетна резонанца, технологија која ја следи мозочната активност мерејќи ги малите промени во крвотокот. Нервните активности се пребројни и пресофистицирани за да бидат директно видливи за докторите, но AI системот опремен со алгоритми за машинско учење е способен детални да ги разгледува и да открива претходно непознати модели на однесување од претходни случаи.

Овој систем е лансиран во 2010-та, а денес е дел од секојдневното функционирање на болницата и помогнал во дијагностицирање на над 300 луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...