Шеќерни пилули ќе им помагаат на мали роботи да се движат низ телото

Според футуристот Реј Курцвејл, до 2030-та сите  ќе имаме армии микроскопски роботи кои ќе се движат низ нашето тело, дијагностицирајќи болести и испорачувајќи третмани со лекови каде што се потребни.



Голем проблем е тоа што немаме добар начин да ги насочуваме роботите кои испорачуваат лекови да одат каде што треба, но сега истражувачи од универзитетот на Калифорнија Сан Диего (UCSD) сметаат дека го пронашле решението: шеќерни пилули.

Во една претходна студија, тимот од UCSD користел микромотори – малечки роботи покриени со антибиотици – користени за третирање на чирови кај лабораториските глувци.

Роботите си ја вршеле функцијата, но стомачната киселина и цревните течности предизвикале тие да ги испуштат лековите пред да пристигнат до чировите, а некои пак се заглавиле во грлата на глувците кога биле голтани со течност.



За да ги избегнат овие проблеми, истражувачите од UCSD ставиле десетици илјади микромотори во пилули креирани од лактоза и малтоза – два шеќери кои не се токсични, лесно се обликуваат во таблети, и можат да се раствораат во стомакот.

Кога ги тестирале врз лабораториските глувци, истражувачите откриле дека микромоторите „скриени“ во пилулите многу подобро си ја завршиле работата испорачувајќи ги лековите во споредба со оние кои биле во течности или таблети направени од силика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...