Биолозите израснале ткиво на човечка ретина „од нула“

Биолозите израснале ткиво на човечка ретина (мрежница) „од нула“ за да научат како се создаваат клетките кои ни овозможуваат да гледаме во боја.

Ова може да ја постави основата за терапиите за болести на очите како што се макуларната дегенерација или далтонизмот (слепилото на одредени бои), а исто така ги етаблира и лабораториски креираните „органоиди“ (вештачки израснати органски ткива) како модел за студирање на развојот на човекот на клеточно ниво.



Сè што се истражува во ретина органоидот изгледа како нормално човечко око, со таа разлика што е израснато во сад.

Во лабораторијата се вршат истражувања во врска со тоа како се одредува „судбината“ на една клетка  односно што се случува во матката што некоја матична клетка ја развива во клетка со специфична функција. Вво ова истражување тимот научници бил фокусиран на развивањето на клетките кои на луѓето им овозможуваат да ја гледаат сината, црвена и зелена боја – трите конусни фоторецептори во човечкото око.

Поголемиот дел истражувања на видот се прават врз глувци и риби, но ни еден од овие видови ја нема динамичната дневна и ноќна визија на луѓето, па поради тоа било креирано ова ткиво на човечко око од матични клетки кои неколку месеци растеле во лабораторијата.



При тоа, било откриено дека клетките кои ја детектираат сината боја се материјализирале први, а по нив оние за црвена и зелена боја.

Клучот за молекуларниот прекинувач (кој придонесува од матични клетки да се создадат фоторецептори) бил тироидниот хормон, чија количина потоа можела да се манипулира за креирање на мрежници кои би можеле да гледаат само во сина боја, или некоја од другите 2 бои.

Откритието дека тироидниот хормон е есенцијален за креирање на црвените и зелени конуси дава одговор на прашањето зошто бебињата кои се родени предвремено и кои имаат пониски нивоа на тироидниот хормон имаат поголеми шанси за развивање на пореметувања на видот.

Истражувачите сега сакаат да ги искористат овие органоиди да научат уште повеќе за тоа како ги гледаме боите и кои механизми се вклучени во креирањето и на другите региони од ретината, како што е макулата.  Бидејќи макуларната дегенерација е една од водечките причини за слепило кај луѓето, откривањето на начин да се израсне нова макула може да доведе до нови клинички третмани за ова пореметување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...