Нов тест за пронаоѓање на секаква бактериска инфекција

Повеќе од 300 видови бактерии можат да предизвикаат болести кај луѓето, а сега конечно имаме начин да направиме испитување за откривање на сите одеднаш.



Сегашните напредни платформи за испитување бактерии можат да бараат знаци за 19 видови на бактерии во еден примерок. Сега, истражувачи од универзитетот Колумбија создале нов систем кој може да ги испита сите 307 вида симултано, со што би претставувал моќно оружје во глобалната борба против антибиотската резистентност.

Системот наречен BacCapSeq користи 4.2 милиони генетски сонди да детектира ДНК потписи на сите 307 видови патогени бактерии, а секоја од нив се врзува за единечен бактериум или биомаркер за антибиотска резистентност и вирулентност (способноста да го зарази „домаќинот“). Доколку тој бактериум или биомаркер се појави во примерокот крв кој се тестира, сондата се закачува на него на начин на кој што може да се детектира во лабораторијата.

Оваа платформа е 1000 пати почувствителна од традиционалните системи кои сега се користат за тестирање, но има слична брзина со нив – вообичаениот тест за сепса побарува 72 часа за да е комплетиран, а на BacCapSeq за резултатите му се потребни 70 часа.

Тимот од универзитетот Колумбија се надеваат дека ќе успеат да го скратат времето потребно да се генерираат резултати, а доколку се успешни во тоа, би можела значително да се намали бројката на луѓето на кои непотребно им се препишуваат антибиотици, што во суштина е јадрото на кризата поврзана со антибиотската резистентност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...