Имунолошкиот систем на алпаката открива потенцијален третман за канцер

Природата често пати ни дава решенија за нерешени медицински проблеми. Овој пат, едно такво решение доаѓа од имунолошкиот систем на еден тип на камили, поточно на алпаката.



Студија од институтот за истражувања во биомедицината (IRB Barcelona) и универзитетот Врије од Белгија опишува бројни терапевтски алатки кои имаат капацитет да ја блокираат активноста на EGF, фактор за раст кој е дисрегулиран во клетките на ракот.

EGF (Epidermal Growth Factor) е терапевтска цел кај канцерот, за кој досега не се пронајдени инхибитори. Тимот истражувачи кој ја водел оваа студија е првиот кој идентификувал фамилија нанотела-антитела кои ги имаат исклучиво камелидите, кои биле добиени од алпака и се ефективни против EGF.



IRB Barcelona го продуцирале EGF протеинот, додека нивните белгиски колеги до инјектирале во алпаките, чиј имунолошки одговор продуцирал серија нанотела чии молекули биле идентификувани како потенцијални инхибитори на EGF.

Вака создадените лекови би можеле да се корисни за пациентите кои имаат развиено резистентност кон EGFR инхибиторите моментално на пазарот, а прв чекор кон тоа би било да се евалуира фармаколошкиот ефект кои овие нови нанотела го имаат во моделите на човечки и животински канцерогени клетки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...