Можна нова терапија за оние со оштетен слух

Губењето на слухот предизвикано од староста влијае на многу луѓе, а најчесто причината за тоа е осиромашување на сензорни рецептори познати влакнести клетки.

Се раѓаме со околу 15 500 од нив, но тие со тек на времето не се регенерираат, а ги оштетуваат силни звуци, инфекции, токсини, како и природниот процес на стареење.



Сега, научниците можеби пронашле начин како да ги регенерираме, бидејќи тоа им успеало кај глувците.

Проектот бил воден од Др. Патриша Вајт, која во 2012-та открила како генерација на влакнести клетки е негувана од околните клетки. Кај птиците, фамилија рецептори наречени EGF ги активираат таквите околни клетки, но кај цицачите, тој сигнал е блокиран. Тимот научници на чело со Патриша сега пронашле начин привремено да го „вклучат“.

За тоа биле користени методи кои се фокусирале на специфичен рецептор наречен ERBB2, кој го има во клетките во внатрешноста на кохлеата. Во еден од експериментите биле користени два лека познати по тоа што го активираат рецепторот, додека во друг биле користени генетски модифицирани глувци кои создавале ERBB2. Во трет експеримент, пак, бил користен специјално дизајниран вирус кој ги таргетирал овие рецептори.

Како резултат, ERBB2 ги стимулирал клетките кои почнале да се множат, предизвикувајќи околните матични клетки да се претворат во нови сензорни влакнести клетки кои природно се интегрирале со нервните клетки – што е критичен чекор без кој враќањето на слухот не е возможно.

Ова истражување демонстрира сигнален пат кој може да се активира со различни методи, што може да создаде нов пристап кон терапиите за регенерација на кохлеата, а со тоа и враќањето на слухот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...