Лепенка за око која инјектира лекови директно во него

Човечкото око е деликатна структура заштитена со неколку слоеви кои не им дозволуваат на патогените и останатите опасни материјали да навлезат во него. Но, кога окото е болно со некоја болест како глауком или макуларна дегенерација, овие бариери стануваат пречки за испорачување на лековите.



Моментално, очните болести генерално се третираат со игли или капки, кои имаат свои лоши страни. Капките не можат да испорачаат доволна количина од лекот одеднаш, додека иглите се ризични бидејќи покрај тоа што се исклучително непријатни, можат и да оштетат делови од окото.

Истражувачите сега решиле да разработат нова стратегија, која користи растворливи иглички за испорачување на лекови во корнеата – проѕирниот слој на предниот дел од окото.

Со пенетрирање низ заштитната површина на корнеата, овие иглички функционираат како микро-резервоари за лекови, испорачувајќи нивна контролирана количина во подолг временски период.

Досега ова откритие е тестирано врз глувци, но поради исклучително позитивните резултати истото се планира и врз луѓе.

Лепенката се поставува со „нежно притискање со палецот“ на предниот дел од окото, а иако поимот „иглички во око“ звучи болно, тоа во овој случај воопшто не е точно, бидејќи игличките се толку мали што ниту предизвикале болка кај глувците, ниту пак протекување на крв.

Истражувачите велат дека лепенката дава слично чувство како најобичните контактни леќи кои се поставуваат на окото.

Штом е поставена, течноста од окото почнува да го исполнува просторот помеѓу игличките, бавно еродирајќи го материјалот кој ги држи споени. Откога тој целосно ќе се отстрани, миркоиглите остануваат споени со корнеата. Потоа почнува да еродира надворешниот слој околу игличките, испорачувајќи ја иницијалната силна доза од лековите, додека останатата се вбризгува во окото во текот на наредните неколку дена.

Овој третман бил исклучително ефективен во третирање на корнеална неоваскуларизација кај глувците, форма на недостаток на кислород во корнеата кој го оштетува видот, лечејќи 90% од неоваскуларните региони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...