Откриен изненадувачки нов извор на крвни клетки во телото

Пациентите кои добиле интенстинални транспланти би можеле да добијат многу повеќе од здрав стомак – нов извор на нечии туѓи крвни клетки.

Последниве неколку години истражувачите почнале да забележуваат дека пациентите кои добиле донирани парчиња од црева имале состојба позната како крвен химеризам – тоа значи дека не само што телото им создава сопствени крвни клетки, туку и клетки кои припаѓаат на крвта на донорот.



Ова може да се очекува од било кој трансплантиран орган, но ваквите клетки кај оние со трансплантирани парчиња од црево се задржувале многу подолго во организмот.

Порано се сметало дека единственото место каде се произведуваат нови крвни клетки е коскената срж, но новите откритија сугерираат дека во нашиот стомак исто така има ткиво кои може да испушта црвени и бели крвни зрнца во крвотокот.

Иако никој не знае колку точно крв ова интестинално (цревно) ткиво произведува, таа бројка може да изнесува и до 10% од целата крв во телото.

За да видат што се случува со овие странски крвни клетки преку еден подолг временски период, биле следени 21 реципиент на интенстинален трансплант во период од 5 години.

Не само што биле откриени туѓи хематопоетски матични и прогениторни клетки (HSPCs) во мукозата (лигавицата) на донираното црево, туку истите биле идентификувани и во секции на тенкото црево, црниот дроб и лимфните јазли. Со тек на времето, пак, овие клетки биле постепено заменувани со ткиво за создавање на крв од самиот реципиент.

Туѓите бели крвни клетки создадени во цревото исто така би можеле да го гледаат ткивото на реципиентот како странско и да го напаѓаат – што е познато како „ graft-versus-host“ болест (во слободен превод – транспланирано ткиво против домаќинот – што е причината што и донациите од коскена срж чии карактеристики се поклопуваат со онаа на реципиентот го носат ризикот да се „побунат“ против нивниот нов дом.

Кај трансплантацијата на цревно ткиво постои скоро 50% шанса за негово отфрлање од имунолошкиот систем на организмот во првите 5 години, а доколку научниците осознаат повеќе околу целиот овој процес, тоа значително би можело да ги подобри идните трансплантации од овој вид, бидејќи можно е пациентите со високо ниво на крвни клетки од донорот да не побаруваат толкава количина на имуносупресивни лекови каква што им се дава сега.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...