Родено прво бебе од трансплантирана матка од почината жена

За прв пат во историјата, во Бразил е родено бебе од матка донирана од починат донор.

Здравото женско бебе било родено со царски рез во болница во Сао Пауло, а нејзината мајка имала трансплантирана матка по што следело ин витро оплодување само 7 месеци по трансплантацијата.



Мајката, 32 годишна жена, била родена без матка поради MRKH (Mayer-Rokitansky-Küster-Hauser) синдромот, состојба која ја имаат една во 4500 жени. Трансплантацијата изведена во септември 2016-та траела 10.5 часа, а донорот била 45 годишна жена која починала од мозочен удар.

Мајката и детето ја напуштиле болницата само 3 дена по породувањето и сега засега сè е во ред и со двете.

Користењето на органи од починати донори нуди нова опција за жените кои имаат проблем со матката, а од болницата изјавиле дека се авторизирани да направат уште две операции и се фокусирани на подобрување на протоколот со цел да продолжат со изведување на оваа процедура.

Досега од матка донирана од жив донор се родени 11 деца, од кои првото во Шведска во септември 2013-та. Ова е првото бебе родено од матка од починат донор, како и прва трансплантација од ваков вид во Латинска Америка.

Лошата страна на оваа операција се големите дози на имуносупресивни лекови и умерени нивоа на загуба на крв, со кои докторите требало да се справат.

Истражувачите велат дека трансплантите од починатите донори имаат повеќе предности од оние од живите. Една од најочигледните е дека докторите не треба дополнително да се грижат и за здравјето на донорот, а и нивниот избор е поголем и помалку ограничувачки во споредба со живите донори бидејќи тие се најчесто од кругот на фамилијата или екстремно блиски пријатели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...