Нов тест би можел да детектира секаков вид на канцер за неколку минути

Истражувачи развиле тест кој би можел да се користи за дијагностицирање на сите видови канцери, базиран на уникатен ДНК потпис вообичаен кај сите канцери.

Тестот сè уште не е направен врз луѓе и пред воопшто да може да се користи во клиниките потребно ќе биде да помине строги клинички тестирања.



Секој вид на канцер има различни генетски и останати карактеристики и тест кој функционира за еден вид можеби нема да функционира за друг.

Сега, било откриено дека ДНК на канцерот формира уникатна структура кога е ставена во вода – структура која е иста и кај примероците ДНК од рак на дебело црево, дојка, простата, како и од лимфоми.

Сегашната детекција на канцер побарува биопсија на ткиво – хируршка процедура со која се зема примерок од ткивото на туморот – а истражувачите веќе со години бараат помалку инвазивен начин за тестирање за откривање на ракот во неговата најрана фаза.

Една од можностите која сè уште е во процес на развивање е течна биопсија – тестирање за цирклулирање на ДНК од ракот во крвта.

Новиот метод исто така вклучува циркулирачка ДНК, но вклучува различен начин на детекција.

Скоро секоја клетка во нечие тело има иста ДНК, но студиите покажуваат дека развивањето на канцерот предизвикува значително репрограмирање на ДНК, промена која е особено забележлива во дистибуциската шема на мале молекул наречен метилна група.

Метилната шема на ДНК на нормална клетка има клучно значење во регулирањето на начинот на кој што таа функционира, и е одговорна за вклучување и исклучување на гените, а менување на оваа шема е еден од начините на кои што канцерогените клетки го регулираат сопственото размножување.

Сега, со помош на електронски микроскоп со висока резолуција, било забележано дека фрагменти од ДНК на канцерот се превиткувале во тридимензионални структури во водата – различно од она што ДНК од нормално ткиво го прави во вода.

Во лабораториите, златните честички вообичаено се користат за детектирање на биолошки молекули (како ДНК), бидејќи златото влијае на однесувањето на молекулите така што предизвикува видливи промени на бојата.

Било откриено дека канцерогената ДНК има силен афинитет кон златото, што значи силно се сврзува со златни честички – што довело до развивање на тест со кој може да се детектира ваква ДНК во крвта и ткивата, кој побарува мала количина прочистена ДНК да се измеша со мешавина од златни честички.

Преку едноставно набљудување на промената на боите, можно е со голо око да се идентификува канцерогена ДНК за 5 минути. Тестот функционира и при електрохемиска детекција – кога ДНК се спојува со златни електроди.

За да овој текст функционира правилно, ДНК мора да е чиста. Досега биле тестирани над 200 примероци од крв и ткива, со 90% точност при детекцијата. Следниот чекор ќе биде изведување на голема клиничка студија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...