Гел за прскање би можел да го спречи ширењето на канцерот по операција

Клучниот третман за повеќето канцери е хируршката операција, но за жал не секогаш со неа целосно се отстранува болеста. Штом некој тумор е отстранет тој може повторно да се врати, а канцерот да се рашири и на другите делови од телото.

Сега, научниците пронашле начин потенцијално ова да го спречат да се случува, благодарение на гел за прскање.

Тим научници од UCLA го тестирал гелот врз глувци со напредни тумори меланом кои биле отстранети со операција и откриле дека го редуцирал повторното растење на оригиналниот тумор, што како резултат го спречило канцерот да се појави и на друг дел од телото.

Наместо активно да ги напаѓа канцерогените клетки, гелот функционира така што го подобрува имунолошкиот систем на пациентот. Канцерогените клетки испуштаат протеин наречен CD47, кој практично на телото му кажува да не го напаѓа туморот. Новиот гел за прскање содржи антитела кои го блокираат овој протеин, овозможувајќи му на имунолошкиот систем на телото да ги идентификува и уништи канцерогените клетки.

Антителата се вметнати во малечки наночестички направени од калциум карбонат – основната состојка на лушпите на јајцата – и се раствора во хируршките рани кои се киселкасти. Како што тоа го прави, полека ги ослободува антителата во раната и ја подобрува активноста на видот имунолошки клетки наречени макрофагии кои ги детектираат и убиваат несаканите клетки така што ги јадат.



Истражувачите исто така откриле дека гелов може да активира и друг вид важни имунолошки клетки наречени Т-клетки, подобрувајќи го справувањето на телото со канцерот уште повеќе.

Важно е да се напомене дека новиот спреј досега е тестиран само врз глувци, а пред тоа да се случи врз луѓе ќе биде потребно да се направат уште многу истражувања. Сепак, резултатите сега засега ветуваат, бидејќи половина од третираните глувци преживеале најмалку 60 дена без повторно растење на канцерот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...