Машки контрацептивен гел во фаза на тестирање

Деновиве започна големо клиничко тестирање на нова форма на машка контрацепција во форма на гел. Многу жени не можат да користат хормонална контрацепција, а машките контрацептивни методи се ограничени на вазектомија и кондоми, па така секоја нова контрацептивна метода е добредојдена.

Гелот се мачка на грбот и рамениците еднаш во денот, а содржи комбинација од соединението прогестин и тестостерон кои се апсорбираат преку кожата.

Прогестинот ја редуцира продукцијата на сперма до „ниски до непостоечки нивоа“, додека тестостеронот има функција да го одржи нормалниот сексуален порив и останатите функции кои зависат од овој хормон.

Истражувачите планираат да вклучат 420 парови во тестирањето на овој гел на кој се работи повеќе од една декада и со кој се направени многу мали човечки студии од 2009-та, постојано рафинирајќи го балансот на хормоните за да се подобри неговата ефективност и безбедност.

Досега над 200 мажи го имале тестирано без никакви сериозни несакани последици, за разлика од некои претходни обиди за развивање на машка контрацепција чии несакани последици биле оштетување на црниот дроб и слично.

Ова клиничко тестирање нема целосно да заврши сè до 2022-ра, а потоа ќе следат уште студии со илјадници мажи пред гелот да добие одобрување од FDA.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...