Отровот од оси претворен во потенцијален антибиотик

Осите се опасни мали инсекти чиј убод може да заврши фатално. Нивниот отров не е опасен само за луѓето, туку може да уништува и бактерии. 

Сега научниците пронашле начин како да го задржат делот кој ги убива бактериите, отстранувајќи го оној кој е опасен за луѓето.

Резултатот е потенцијален нов антибиотик базиран на пептид во отровот на осата кој убива бактерии без да им наштети на човечките клетки.

Инаку, сите класи на живот на планетава продуцираат антимикробни пептиди – краток ланец на амино киселини кои ги убиваат микробите уништувајќи ги нивните клеточни мембрани.

Како што сè повеќе бактерии развиваат антибиотска отпорност, така и сè повеќе луѓе умираат. Еден од потенцијалните начини да се избориме против овие „супербубачки“ е развивање на сосема нова класа антибиотици на кои бактериите немаат отпорност.

Истражувачкиот тим открил потенцијална цел во еден специфичен пептид кој го има во отровот на јужно американската оса наречена Polybia paulista и се состои од 12 аминокиселини.



Прво, биле развиени многу различни варијанти од пептидот кои биле тестирани врз 7 видови бактерии и 2 видови на габи за да се тестираат каква интеракција ќе имаат со клеточните мембрани. Базирано на добиените резултати, истражувачите успеале да откријат кои структури и физичко-хемиски својства на пептидите биле најмногу ефективни против микробите, по што соодветно ги модифицирале.

Таквите модифицирани пептиди биле тестирани за токсичност врз луѓето во лабораториски пораснати човечки ембрионски бубрежни клетки, на кој начин се добила доза безбедна за луѓето.

Конечно, пептидите биле тестирани врз животни, т.е глувци кои биле инфицирани со антибиотски отпорна бактерија Pseudomonas aeruginosa, која е особено опасна за пациентите со компромитирани имунолошки системи.

Од неколкуте тестирани, еден пептид во доволно висока доза комплетно ја уништил бактеријата. Сега истражувачите се обидуваат да откријат дали можат да му ја задржат ефикасноста и при помали и побезбедни дози.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...