Научниците сега може да растат човечки крвни садови во лабораторија

Најновиот напредок во истражувањето поврзано со дијабетесот кој може да ги промени третманите не е нов лек или терапија, туку систем на човечки крвни садови скоро идентични на вистинските, но кои се израснати во лабораторија.



Кога некој има дијабетес, неговите крвни садови често пати покажуваат абнормално задебелување на нивната мембрана. Ова задебелување го намалува трансферот на кислород и хранливи материи до клетките и ткивата, што може да предизвика дополнителни здравствени проблеми како откажување на функцијата на бубрезите, слепило, како и срцев или мозочен удар.

Научниците од универзитетот на Британска Колумбија успеале да натераат матични клетки да израснат во „органоиди“ од човечки крвни садови – термин кој се користи за тродимензионални лабораториски израснати клеточни системи кои ги имитираат карактеристиките на вистинските органи или ткива – а потоа ги ставиле во Петриев сад дизајниран да имитира „дијабетско опкружување“.

Било откриено дека нивната мембрана се задебелила на начин исклучително сличен како кај пациентите со дијабетес, а потоа истражувачите почнале да бараат хемиска состојка која ова задебелување може да го спречи. Се испоставило дека една таква состојка е инхибиторот на ензимот γ -секретаза.



Студијата сугерирала дека инхибирање на γ -секретаза кај пациентите би можела да помогне во третирањето на дијабетесот, но и дека потенцијалната употреба на лабораториски израснатите крвни садови е многу поголема отколку само за можно третирање на дијабетес.

Бидејќи секој орган во нашето тело е поврзан со циркулаторниот систем, потенцијалната употреба на ваквите органоиди би била во создавање третмани за разни болести како Алцхајмеровата, разни кардиоваскуларни пореметувања, проблеми при зараснување на раните, канцер, мозочен удар и сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...