Коктел инспирирал научници да создадат нов вид машка контрацепција

Тим научници бил инспириран од коктели со повеќе слоеви за да креира нова форма на машка контрацепција. Пилот студијата била направена врз глувци, а треба да следат понатамошни тестирања.

Околу 40% од бременостите низ светот (85 милиони) во 2012 биле непланирани, а скоро половина од нив завршиле со абортус и 13% со спонтан абортус.

Со декади главниот товар за контрацепција паѓа на рамото на жените, но долгорочното користење на некои контрацептивни средства може да предизвика разни несакани последици.

Кај мажите, освен кондоми и вазектомија не постои друг начин за контрацепција.

Истражувачите кои ја направиле најновата студија се надеваат дека тоа ќе се промени во иднина. Тие, инспирирани од коктелот Galaxy, дизајнирале машки контрацептивен метод кој спречил машки глувци да забременат женски во период од повеќе од 60 дена.

Уште подобро, тој период лесно можел да се нагоди преку варирање на инјектираната доза.

Оваа нова метода побарува инјекција со 4 состојки директно во каналите кои ја пренесуваат спермата (vas deferens), од кои некои подоцна се зацврснуваат – хидрогел, златни наночестички, хемикалија која го разложува хидрогелот и ги убива сперматозоидите (EDTA) и уште еден слој наночестички.



По инјектирањето, хидрогелот се зацврстува, а истовремено златните наночестички исто така се зацврснуваат на температура од 37°C со што се блокираат двата краја на EDTA.

За да се елиминираат ефектите од инјекцијата, истражувачите насочиле лампа со скоро-инфрацрвена светлина кон глувците во траење од неколку минути, што ги измешало и растворило сите слоеви и им овозможило на животните да можат да продолжат да се размножуваат. Токму овој дел од истражувањето бил инспириран од коктелот, бидејќи слоевите во него не се мешаат поради меурот со течност помеѓу горниот и долниот регион.

Тоа резултира со привремена слоевита структура која кога е изложена на надворешна сила (како температурата) се меша во една униформна течност.

Иако кондомите можат да спречат сексуално преносливи болести, тие имаат 20% шанси да не заштитат од бременост, додека пак вазектомијата е исклучително ефективна (99%), но во помалку од 50% случаи нејзините ефекти не можат да се отстранат. За возрасните мажи оваа нова форма е најразумна поради нејзината голема ефективност, но и можноста да се отстрани.

Доколку се употребува кај луѓето, мажите би можеле самите да ја отстранат и дома со употреба на лампа со скоро-инфрацрвена светлина. За да дојде до тоа ќе биде потребно уште многу истражување и тестирање прво врз разни видови животни како зајаци, кучиња или свињи, а потоа и врз луѓето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...