Истражување: Женскиот мозок е четири години „помлад” од машкиот

Научници од Универзитетот на Вашингтон со помош на ПЕТ скенирање дојдоа до заклучок дека женскиот мозок е помлад за скоро четири години од машкиот. Се надеваат дека со ова ќе може да се објасни зошто женскиот мозок е поотпорен на губење на помнењето, како и на невролошките заболувања во староста.



Познато е дека стареењето на мозокот е поврзано со постепеното намалување на метаболизмот во мозокот. Со испитувањата, научниците се обиделе да ја проценат „староста“ на тој метаболизам.

Како што зрелото доба напредува, сѐ помало е количеството глукоза која „се пумпа” до човечкиот мозок, што и го намалува дотокот на енергија. Глуколизата којашто го покренува шеќерот научниците ја означиле како маркер за староста на мозокот. Потоа следеле ПЕТ скенови над 121 жена и 84 мажи, што им овозможило да го измерат нивото кислород и глукоза што минува низ нивните мозоци.

Врз основа на добиените податоци и користејќи алгоритам за машинско пресметување, заклучокот гласи дека мозокот на жената е во просек 3,8 години помлад од вистинската хронолошка возраст.



Еден од авторите на истражувањето, проф. Ману Гојал, смета дека ова е прилично цврст показател на мерливите разлики меѓу половите. – Дури кога ќе почнеме да разбираме како разните фактори поврзани со полот можат да влијаат на стареењето на мозокот, може да дојдеме до одговори околу тоа како тоа влијае на ранливоста на мозокот и на невродегенеративните болести, нагласи тој.

– Метаболизмот на мозокот може да ни помогне да објасниме некои од разликите коишто ги гледаме меѓу мажите и жените додека стареат, додава проф. Гојал.

Во тестирањата учествувале лица на возраст од 20 до 82 години и, младоста на женскиот мозок не се забележува само кај повозрасните жени, туку и кај девојките.

Нареден чекор е следење – како оваа теорија се одвива во реалноста, односно дали луѓето што изгледаат умствено помлади навистина се поотпорни на намалување на мозочната работа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...