„Тројански коњ“ скришно влегува во туморните клетки за да ги убие

Според „Илијада“, Грците ја добиле Тројанската војна така што внеле нивни војници во Троја скриени во огромен дрвен коњ кој требало да биде подарок како симбол на нивното предавање. Војниците во него чекале да се стемни пред да излезат и да ги отворат портите на Троја за остатокот на армијата, која ја уништила и со тоа ја завршила војната.



Сега, истражувачи од Обединетото Кралство користат слична тактика во борба против канцерите кои е тешко да се третираат со сегашните терапии, која покажува ветувачки резултати.

Истражувачите од институтот за истражување на канцери во Лондон (ICR) и The Royal Marsden NHS фондацијата креирале нов лек наречен тисотумаб ведотин (ТВ) кој комбинира хемотераписки агент со антитела.

Антителата се зацврстуваат на маркерите на површината на канцерогените клетки што предизвикува клетките во себе да го внесат хемотерапискиот лек, кој потоа ги напаѓа клетките од внатре.

Во тестирањето на оваа терапија биле вклучени 147 пациенти со разни канцери како оној на јајници, цервикален и езофагеален (на хранопроводник). Кај повеќето партиципанти, канцерот веќе бил во напредна фаза и се покажал како резистентен на други видови на третмани.

Кај мнозинството партиципанти туморите или се намалиле или им сопрело нивното растење по третманот. Во просек, позитивната реакција траела 5.7 месеци, а кај некои и 9.5 месеци пред ефектите од третманот да почнале да се намалуваат.

Истражувачкиот тим сега спрема тестирања врз разни други видови на канцер како оној на дебелото црево, панкреасот, главата и вратот, како и втора фаза од тестирањето на лекот кој би се користел како секундарен третман за цервикален канцер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...