Капсули инспирирани од желки ќе испорачуваат инсулин без инјекции

Дијабетичарите (особено оние со тип 1 дијабетес) мора со шприц или специјални „пенкала“ да си вбризгуваат инсулин и по неколку пати во денот, а можноста тоа да се изведува преку голтање на пилула значително би им го олеснило животот на луѓето со ова заболување.



Истражувачите од MIT развиле пилула со големина на боровинка која содржи малечка игла направена од замрзнат исушен компресиран инсулин, која се ослободува и инјектира во стомачната постава. Иако вака опишано звучи болно, тоа навистина не е бидејќи стомачниот ѕид нема рецептори за болка.

Проблемот со голтањето на инсулин е тоа што тој се уништува во стомачната киселина пред да стигне до крвта, па поради тоа истражувачите морале да се осигураат дека нивните инсулински игли ќе се инјектираат во ѕидот на стомакот, а нема да се ослободат случајно пред тоа.



Инспирацијата за капсулите тие ја добиле од леопардската желка која живее во Африка и има необична школка – висока со стрмни страни, која е исклучително корисна доколку желката се преврти на грб бидејќи лесно може да се врати во нормалната позиција.

Научниците користеле компјутерско моделирање за да дизајнираат нивна верзија на оваа желкина школка, креирајќи капсула која може самата правилно да се ориентира, дури и во стомакот.

Иглата е закачена за малечок компресиран федер прицврстен во место со шеќер, а кога капсулата ќе стигне во стомакот, шеќерот се раствора ослободувајќи го федерот и иглата. Кога уредот бил тестиран врз свињи, било потребно околу еден час за целиот инсулин да пристигне во крвта, а притоа не биле предизвикани никакви несакани реакции



Моментално пилулата може да испорачува доза која вообичаено мора да ја инјектира некој со тип 2 дијабетес, но потребни се дополнителни клинички испитувања пред таа да се тестира врз луѓе со дијабетес.

Самиот инсулин е пептид (краток синџир амино киселини), и истражувачите велат дека нивниот уред може да се користи за испорачување и на други видови пептиди, како што се имуносупресанти кои се користат за третирање на ревматоиден артрит и воспалителна болест на цревата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...