Бионичко срце кое се напојува безжично

Пред повеќе од 50 години, докторите ја имплантирале првата механичка срцева пумпа, позната како уред за вентрикуларна асистенција (VAD) во градите на пациентите чие срце не можело самото да пумпа крв. Од тогаш ваквите уреди спасиле неброено животи, вклучувајќи го и животот на Исмаил Турсунов.



Овој 24 годишен маж бил во последната фаза на откажување на срцето кога докторите од Казахстан во него имплантирале VAD во декември и тоа различен од сите досегашни – тој се напојува безжично, со тоа елиминирајќи ја една од најголемите причини за неуспех во уред кој не може да си дозволи да престане да функционира.

Обично, VAD уредите се напојуваат со кабел кој излегува од дупка на абдоменот на пациентот, кој се вклучува директно во штекер во ѕид или во екстерна батерија.

Пациентите со традиционалните VAD уреди мора со себе постојано да носат резервни батерии во случај онаа која ја користат да се потроши. Дупката во абдоменот, пак е подложна на инфекции, па пациентите мора да се грижат за неа постојано.



Новиот VAD се полни со помош на систем за напојување креиран од израелската технолошка компанија Leviticus Cardio.

Системот се состои од приемник - индуктивен навој, батерија и внатрешен контролер, сите имплантирани во градите на Турсунов. Со едно полнење уредот функционира 8 часа, а кога треба да го наполни, Турсунов треба само да облече еден вид на елек кој содржи екстерен навој кој внатрешниот го полни електромагнетски.

Монитор за следење на состојбата на уредот се наоѓа на зглобот на пациентот и доколку батеријата има премногу малку енергија или уредот не функционира како што треба, се активира вибрирачки аларм. Доколку, пак, безжичниот систем за полнење има потешкотии со функционирањето, постои и бекап опција VAD-от да се напојува со кабел, која за среќа на Турсунов не му била потребна по операцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...