Невролози откриле сосема нова форма на невролошка комуникација

Научниците сметаат дека идентификувале претходно непозната форма на невролошка комуникација низ мозочното ткиво, која може „безжично“ да се префрла од невроните од една секција на ткивото во друга дури и откако секциите биле хируршки раздвоени.



Ова откритие нуди радикални нови погледи на начинот на кој невроните комуницираат едни со други, преку мистериозни процеси неповрзани со конвенционалните познати механизми како што се синаптичкиот пренос, аксонски транспорт и сл.

Истражувачите со декади се запознаени со фактот дека мозокот создава бавни бранови од нервни осцилации чија намена не им е позната, а кои се појавуваат во кортексот и хипокампусот кога спиеме и се претпоставува дека играат улога во консолидацијата на меморијата.

Функционалната релевантност на овој процес е мистерија, па поради тоа тимот истражувачи од универзитетот во Алберта решиле да го истражат со студирање на мозочните бранови во парчина хипокампус екстрахирани од пресечени глави на глувци.

Била откриена бавна периодична активност која генерирала електрични полиња кои ги активирале блиските до нив клетки, што претставува форма на нервна комуникација без хемиски синаптички пренос.

Оваа нервна активност може да биде модулирана – да се зајакнува или блокира – со аплицирање на слаби електрични полиња.

Најрадикалното откритие на тимот истражувачи било дека овие електрични полиња можат да активираат неврони во мозочно ткиво кое е физички раздвоено, сè додека парчињата ткиво се во близина.

Потребни ќе бидат уште многу истражувања за да се разбере оваа бизарна форма на невролошка комуникација и уште повеќе да се дешифрира каква функција има.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...