Некои имунолошки клетки може да се борат со секој познат тип на грип

Целта да се има една универзална вакцина против грип е сè поблиску, благодарение на откривањето на одредени имунолошки клетки кои можат да се борат против сите три видови на грип – најмалку неколку години, а можеби и трајно.

Моментално нишките А, Б и Ц на грипот се ставаат во годишните вакцини во различен сооднос секоја година, со цел луѓето да се заштитат од мутираните верзии на вирусот. 

Потенцијалот на одредени имунолошки клетки да ги уништат сите 3 вида на вирусот претходно бил забележан во анализа на луѓе експонирани на H7N9 вирусот (птичјиот грип) во 2013-та, кога оние кои имале силна реакција од CD8+ T клетките имале поголеми шанси за побрзо заздравување.

Овие CD8+ T клетки се познати и како „клетки убијци“, поради начинот на кој се борат против заканите – како безбедносни сили кои ги чуваат портите на нашето тело.

Во новото истражување во Monash институтот за биомедицински откритија во Австралија, со помош на масена спектрометрија биле анализирани 67 000 вирусни секвенци во потрага по специфични пептиди или хемиски врски вообичаени помеѓу сите три видови на грип кај луѓето.

Одредени комбинации познати како епитопи им „кажуваат“ на CT8+ T клетките дека вирусот е пристигнат во телото и им „даваат наредби“ да го убијат.

Научниците ги идентификувале деловите од вирусот кои ги имаат сите 3 вида (и нивните подвидови), а кога тие биле искористени во тестовите врз глувци истите биле ефикасно имунизирани – нивото на инфекции и инфламации било значително намалено.

Според проценките на тимот истражувачи, околу 54% од светското население го има вистинскиот вид на CT8+ T клетки во нивните тела кои можат да ја иницираат оваа заштитна имунолошка реакција.

Видот А обично е поврзан со пандемии на грип (епидемија која се шири во повеќе земји истовремено), додека видовите А и Б се поврзани со годишните епидемии на грип (заболувања во помала географска област). Видот Ц е помалку вообичаен, но може да предизвика сериозни заболувања кај децата. Што е најважно, сите овие видови постојано мутираат, што значи дека вакцинирањето секоја година не секогаш е ефективно.

Вакцина која би нè заштитила од сите видови одеднаш би можела да спречи илјадници смртни случаи годишно, поради што ова ново откритие има огромна важност за нејзиното потенцијално создавање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...