Отров од пајак може да се користи за третирање на еректилна дисфункција

Постои вид на пајаци во Бразил чие опасно каснување може да има специфичен несакан ефект – предизвикува абнормално долготрајни ерекции.



Нова студија сега ги истражила ефектите на синтетичката верзија на активната состојка од овој отров, позната како PnPP-19, врз животни со дијабетес и висок крвен притисок. Резултатите покажале дека состојката била успешна во креирање на ерекции кај глувците без предизвикување на други несакани ефекти.

Претходно, било докажано дека отровот функционира и кај глувци со повреди на кавернозните нерви кои предизвикуваат ерекции на пенисот и клиторисот. Истражувачите откриле дека отровот предизвикува релаксација во сунѓерестото ткиво на овие сексуални органи, доведувајќи до зголемување на крвотокот во нив, што предизвикува ерекција.

Во најновата студија се покажало дека синтетичкиот лек може да се администрира успешно и безбедно преку инјекција или гел, иако само 10% од дозата од гелот пенетрира во кожата.



На истражувачите им е познат ефектот на отровот на овој пајак уште од раните 2000-ти. Пајакот е од врстата Phoneutria nigriventer и има распон на нозете од 13-15cm. Невротоксинот во отровот предизвикува губење на контролата на мускулите што може да доведе до проблеми со дишењето, парализа, и евентуална асфикција (гушење, „глад“ за кислород). Ерекцијата, пак, предизвикана од него е болна, може да трае со часови и да доведе до импотенција.

И покрај ризикот од компликации, повеќето кои ги има гризнато овој пајак не се во сериозна опасност. Само 2.3% од случаите побаруваат користење на противотров, а од овој вид на пајаци имаат умрено две деца во 1960-тите.

Тие живеат во Бразил, Уругвај, Парагвај и Аргентина, а се хранат со инсекти, жаби и гуштери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...