Втор пациент излекуван од ХИВ

Во историјата на ХИВ пандемијата, само еден пациент досега покажал дека највообичаената варијација на вирусот, ХИВ-1, може да се стави во ремисија – сè досега.

По повеќе од една декада и над половина трилиони долари потрошени на истражувања поврзани со ХИВ/СИДА, конечно знаеме дека тој неверојатен резултат може да се реплицира.

За втор пат, пациент искусил одржлива ремисија од ХИВ-1 инфекцијата откога бил третиран со трансплантација на матични клетки.

Фамозниот „Берлински пациент“ пред 12 години влегол во историјата како првиот човек кој останал во ХИВ-1 ремисија без да прима анти-ретровирусни (ARV) лекови. Тоа бил Американецот Тимоти Реј Браун кој бил дијагностициран со ХИВ додека живеел во Германија, а кој во 2007 примил ретка форма на трансплант на коскена срж која вклучувала хематопоетски матични клетки за лекување на неговата леукемија.

Неочекувано, овој третман од донор со мутација на CCR5 генот (кој е ко-рецептор на ХИВ-1 инфекцијата) предизвикал Браун да влезе во ремисија, во која останал од тогаш.



Бидејќи поимот ремисија и излекуваност не значат исто (понекогаш ремисиите не се комплетни доколку вирусот повторно се појави), технички овие пациенти не се „излекувани“, иако практично се.

И новиот случај, именуван како „Лондонски пациент“, добил третман со матични клетки од донор со истата CCR5 мутација додека бил третиран за Хочкинов лимфом.

Шестнаесет месеци по процедурата која не вклучувала радиотерапија (за разлика од Берлинскиот пациент), оној од Лондон престанал да ги зема ARV лековите и од тогаш е во ремисија над 18 месеци.

Докторите велат дека ќе продолжат да го следат Лондонскиот пациент за да видат како неговата состојба ќе се развива, а според нив овој третман не значи дека ќе функционира кај сите пациенти, особено кога ќе се земе в предвид дека матичните клетки користени во овој случај се исклучително ретки поради CCR5 мутацијата.

Тим истражувачи од Холандија, пак, изјавиле дека постои и „Дизелдорфски пациент“ кој по истата процедура како и првите двајца престанал да зема антивирусни лекови, по што биопсиите покажале дека во стомакот и лимфните јазли повеќе го нема ХИВ вирусот. Сепак, за него е прерано да се заклучи дека е излекуван.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...