Нов биоинженерски метод за да им помогне на пациентите со канцер да зачнат

Научниците успешно креирале вештачки јајници од биоразградлив материјал и желатин кои се потенцијално ефективни во имитирање на природниот орган и би можеле да помогнат за враќање на плодноста кај жените.



Тимот научници од FAU во Германија ги креирале овие вештачки органи со надеж дека еден ден ќе можат да ги заменат оние кои се оштетени од хемотерапијата кај пациентите со канцер.

Тие користеле метода наречена електроспининг за да го измешаат биоразградливиот материјал полиепсилон капролактон со желатин, за да се креира „скеле“ од многу тенки влакна кои ја имитираат природната структура и форма на оваријалниот кортекс. Техниката користи моќен електричен потенцијал помеѓу две електроди да го испари растворот од полимер и да ја формира влакнестата структура.

Ваквите вештачки јајници биле тестирани во свињи и покажале голем број на одржливи фоликули, индицирајќи дека материјалот успешно го имитирал природниот орган.



Канцерот значително влијае на плодноста на жената, а повеќето хемотераписки лекови предизвикуваат оштетување на нејзините јајце клетки, што води до проблеми со неплодност.

Со сегашните методи за овие пациенти да имаат шанса да забременат треба да се направи отстранување на оваријално ткиво, негово замрзнување и повторно имплантирање по заздравувањето од болеста. Но, доколку канцерот се поврати, можно е оштетување на ткивото.

Овој ризик ги навел истражувачите од FAU да изнајдат нова метода која комплетно го заменува оштетеното ткиво со вештачки јајници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...