Лек ја прави човечката крв смртоносна за комарците

Лек кој ги труе комарците преку крвта би можел да овозможи нов моќен начин за справување со маларијата. Тестирањата покажале дека случаите на деца заболени од маларија во руралната Буркина Фасо биле редуцирани за 20%.



Според истражувањето водено од тим од државниот универзитет Колорадо, третирањето на возрасните и децата со лекот ивермектин помогнало во контролата на ширењето на маларијата без предизвикување на несакани ефекти.

Животниот циклус на маларијата е поделен помеѓу луѓето и комарците-домаќини на паразитот кој се пренесува во крвта, каде што созрева и се размножува и потоа чека да биде пренесен во друг комарец за да се репродуцира.

Ивермектинот веќе се користи за третирање на други паразити, но неговите ефекти врз пренесувањето на маларијата досега не биле истражувани во голема студија.

За потребите на оваа нова студија која траела 18 недели, истражувачите регрутирале 2700 луѓе од кои 590 деца од 8 села, од кои половината добила доза ивермектин на секои три недели.

За утврдување на симптомите на маларија кај децата биле правени регуларни посети од медицинските сестри и преку тест на крв било потврдено дека двојно повеќе деца од третираните преживеале напад од комарец кој пренесувал маларија, во споредба со оние кои не добиле доза од лекот.

Ова е прва студија од овој вид која го демонстрирала ефектот од лекот на ниво на заедница, откривајќи потенцијален нов начин за контролирање на ширењето на маларијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...