Прв крвен тест за сигурно детектирање на фибромиалгија

Идентификувани се биомаркери за сигурно тестирање за мистериозната и често пати онеспособувачката болест фибромиалгија.

Луѓето со оваа болест (која ја има и Лејди Гага) се претежно жени, а симптомите се хронични болки во многу делови од телото, кои некогаш се толку силни да го претвораат секојдневието во кошмар. Дијагнозата на оваа болест е исклучително тешка, бидејќи разликите помеѓу болките предизвикани од фибромиалгијата и некои други болести се често пати суптилни.

Сега, докторот Кевин Хекшо од државниот универзитет во Охајо вели дека е направен крвен тест за нејзино детектирање, кој сè уште не е подготвен за комерцијална употреба, а кој дијагнозата ја дава врз база на комбинација од крвни молекули кои ги имаат само оние со болеста.



Неговото тестирање било направено врз 50 луѓе дијагностицирани со фибромиалгија и 71 кои имале симптоми од 3 други хронични болести. Без да се знае која болест некој ја имал, тимот на Хекшо користел вибрациска спектроскопија на крвни протеини и киселини за да ги издвојат оние со фибромиалгија од другите.

Истражувачите сметаат дека тестот може да ја квантифицира и сериозноста на болеста, што би помогнало во одредување дали третманите за неа функционираат. Хекшо се надева дека во следните 5 години ќе успее да го усоврши тестот, да се скрати времето потребно за дијагностицирање како и на неговата цена.

Фибромиалгијата често пати се влошува со тек на времето, а на многумина кои ги имаат нејзините симптоми им се препишуваат опиоиди, во недостаток на правилна дијагноза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...