Безбедна и ефективна контрацептивна пилула за мажи

Со години, научниците се обидуваат да развијат безбедна и ефективна верзија на контрацептивна пилула за мажи, а оваа недела научници од LA BioMed (институт за биомедицински истражувања во Лос Анџелес) во САД објавија дека експерименталниот орален лек наречен 11-beta-MNTDC е прогласен за безбеден, според резултатите од првата фаза на клиничкото тестирање врз 40 мажи.



За потребите на тестирањето, биле регрутирани 40 здрави мажи од кои 30 од нив 28 дена пиеле мала или голема доза 11-beta-MNTDC, додека останатите 10 пиеле плацебо.

11-beta-MNTDC е модифицирана форма на тестостерон кој има и прогестациски (блокирање на спермата) и андрогени (балансирање на хормони) карактеристики.

Бидејќи продукцијата на тестостерон се „исклучува“ во тестисите, андрогените карактеристики делуваат во остатокот на телото одржувајќи ја длабочината на гласот, либидото, функцијата и мускулната маса.

Партиципантите кои го пиеле лекот не демонстрирале сериозни несакани ефекти, но покажале значително намалено ниво на два хормони наречени LH и FSH, потребни за продукција на сперма.

Во овој експеримент примарно се тестирала безбедноста на 11-beta-MNTDC, а не контрацептивниот ефект. Во однос на сексуалниот ефект, 5 мажи рекле дека почувствувале мали промени во либидото, додека двајца искусиле помала еректилна дисфункција.

Истражувачите планираат дополнителни испитувања на 11-beta-MNTDC, како и на функционално слична хемикалија наречена dimethandrolone undecanoate (DMAU).

Во зависност од тоа како ќе се одвиваат идните експерименти, тимот научници тврди дека безбедна машка хормонална пилула би можела да се појави на пазарот за околу 10 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...