Прва трансплантација на бубрег од пациент со ХИВ

За прв пат, хирурзи од САД извршиле трансплантација на бубрег од жив донор со ХИВ. Не само што ова е огромен чекор напред во биомедицината, туку е и неверојатна можност да се срушат многу стари стигми и заблуди поврзани со ХИВ.

Триесет и пет годишната Нина Мартинез која има ХИВ, го донирала својот бубрег на ХИВ-позитивен анонимен пациент и дури планира да учествува на маратон подоцна годинава.



До скоро, постоеле 2 големи пречки кои спречувале вакви процедури – федералниот закон кој не дозволувал донација на органи од луѓе кои живеат со ХИВ и несигурноста дали човек со ХИВ би можел да живее со само еден бубрег.

Во однос на првата пречка, научниците сметале дека денес луѓето кои имаат ХИВ може да живеат долг и здрав живот, а во 2013-та законот бил сменет и била овозможена донација помеѓу ХИВ-позитивни индивидуи.

Сомневањето дали човек со ХИВ би можел да живее само со еден бубрег се должело на историската поврзаност на ХИВ со бубрежни болести, меѓутоа тимот кој ја вршел трансплантацијата направил студија врз над 40 000 луѓе со ХИВ и заклучил дека ризикот од болест на бубрезите бил релативно минимален во денешно време каде постојат многу модерни третмани.



Првата трансплантација од починат донор била извршена во истата болница (Џон Хопкинс) како и скорешната процедура.

Според докторите, болеста која во 1980-тите била практично смртна пресуда, денес може толку добро да се контролира за да оние кои живеат со ХИВ можат и да спасуваат животи со донација на органи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...