Пациенти со Паркинсонова болест повторно прооделе со помош на електрични импланти

Благодарение на имплант креиран од канадски истражувачи, пациенти со Паркинсонова болест кои претежно не излегувале од своите домови можеле полесно да се движат.



Како што болеста напредува, способноста за чекорење сè повеќе се намалува и многу пациенти паѓаат или се „замрзнуваат“ во место, екстремно отежнувајќи ги секојдневните активности.

Студијата на истражувачите од канадскиот Вестерн универзитет била направена врз 5 мажи кои ја имале болеста 15 години и кај кои истата предизвикувала потешкотии во чекорењето, како и замрзнување во место.

По 6 месеци, брзината на чекорење, должината на чекорите и способноста за станување од седечка положба се подобриле за 39%, 42%, и 50%. Истовремено, нивната самодоверба во способноста да вршат разни активности без да го изгубат балансот се подобрила за 71%.



Шест месеци по операцијата сите партиципанти воопшто не искусиле замрзнување на чекорите и не биле пријавени никакви несакани ефекти.

Еден од пациентите бил практично врзан за домот околу 6 години, а по третманот бил способен да оди на одмор со неговата жена.

Истражувачите велат дека ова било малечка пилот студија, и дека ќе биде потребна долготрајна клиничка студија во која ќе се обидат да ги повторат истите резултати.

Доколку третманот се докаже дека е безбеден и ефективен кај поголем број на луѓе, би можел да ги промени животите на многу пациенти чии движења се ограничени како резултат на Паркинсоновата болест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...