Експериментална вакцина против рак се тестира врз кучиња

Вакцина со која научниците се обидуваат да спречат или одложат развивање на канцер кај кучињата, еден ден може да биде тестирана и врз луѓе.

Моментално се спрема тестирање на лек за кој научниците се надеваат дека ќе го „тренира“ имунолошкиот систем за да препознае и напаѓа специфични делови од канцерогени клетки.



Тие одбрале делови од канцерогените клетки за кои белите крвни клетки (т.е имунолошките клетки) нормално се прикачуваат, а за кои се верува дека ги имаат повеќе видови на канцери.

Истражувачите од државниот универзитет на Аризона и Колорадо оваа вакцина ќе ја тестираат врз 800 кучиња, со цел да го проценат нејзиниот успех.

Постојат 3 возможни резултати – првиот е помалку кучиња да развијат некој вид на канцер, вториот е на болеста да и потребно многу повеќе време да се развие, додека третиот е воопшто да не делува.

Доколку, на пример 9-годишно куче кое вообичаено би добило рак во 10-тата година, со вакцината не би го добило до 12-тата – што значи таа потенцијално би можела да му овозможи дополнителни 2 години здрав живот.



Бидејќи кучињата не живеат долго колку луѓето но ефектите на староста можат да се споредат, ефектите на вакцината ќе можат да бидат студирани за кратко време.

Инаку, на кучињата (кои сите се на возраст помеѓу 6 и 10 години) а нема да им биде дадено ништо што би предизвикало побрзо развивање на канцер, туку едноставно ќе им се следи нивниот нормален живот откога ќе ја добијат вакцината.

Доколку истиов пристап се тестира врз луѓе, ќе бидат потребни декади додека се соберат резултатите.

Вакцината сè уште нема име, а ќе го тренира телото на кучињата да ги напаѓа епитопите на туморните клетки – делови од структурата на надворешноста на видовите клетки кои го активираат имунолошкиот систем да ги напаѓа.

Истражувачите ја развиле вакцината преку пронаоѓање на 31 епитопи на канцерогените клетки на 8 највообичаени форми на болеста, и доколку е успешна, доколку започне да се развива канцероген тумор, самиот имунолошки систем на телото веднаш ќе почне да ги напаѓа – или забавувајќи го растот на канцерот, или комплетно запирајќи го.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Ден на македонските студенти
- Ден на светите Петнаесет тивериополски...
1282.- Умре византискиот цар Михаило VIII...
1475.- Роден е италијанскиот римокатолички...