Откриен нов орган кај цицачите кој детектира болка

Досега се сметало дека чувството за болка кога, на пример, ќе се прободеме со нешто остро, потекнува од експонираните нерви во кожата, но сега научниците откриле дека болката можеби се чувствува и преку претходно непознат орган.



Истражувачите од универзитетот Каролинска во Шведска го идентификувале овој неочекуван детектор на болка кај глувците – тие откриле дека Шван клетките – кои ги штитат и подржуваат невроните – се поврзуваат едни со други под надворешниот слој на кожата (епидермисот) за да формираат мрежеста структура, а одредени нивни делови навлегуваат во епидермисот.

Заедно со нервните клетки кои детектираат болка, овие клетки функционираат како сензорен орган кој реагира на механичка болка – како онаа предизвикана од остри предмети, притисок, и горење.

За да тестираат дали ново идентификуваните Шван клетки навистина придонесуваат за детектирање на болка, тимот истражувачи користеле генетски модифицирани глувци кај кои исклучиво тие специфични клетки можеле да се активираат со помош на светлина. Било заклучено дека кога биле експонирани на светлина, глувците покажувале знаци на болка, и тоа без нивните нерви или останати видови на Шван клетки да бидат стимулирани од болка.



Кога новите Шван клетки биле генетски блокирани, глувците покажале намалена чувствителност на механички предизвикана болка, но не и на термално предизвикана.

Истражувачите сметаат дека иако присуството на вакви клетки треба да се потврди и кај луѓето, многу е веројатно дека тие постојат – особено поради фактот што сите други познати сензорни органи кои ги имаат глувците, ги имаат и луѓето.

Доколку тоа се покаже како точно, ова откритие би можело да отвори пат за создавање на нови третмани за оние кои искусуваат одредени форми на постојана болка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...