Крвен тест за дијагностицирање на потрес на мозокот и мозочни повреди

Во последно време, долгорочните последици од „помалите“ мозочни повреди се препознаени како сериозна закана за здравјето на спортистите, со што е зголемена и потребата од подобри тестови за нивно детектирање. Во недостаток на уреди за скенирање на секој спортски терен, нов крвен тест кој би ги откривал мозочните повреди може да биде решение за овој проблем, а би бил значително поефтин од компјутерската томографија, давајќи подобри резултати.



Професорот Геоф Менли од универзитетот на Калифорнија, Сан Франциско, креирал крвен тест со кој се детектираат некои од протеините кои се ослободуваат во крвта по трауматска повреда на мозокот (TBI).

MRI скенерите (магнетна резонанца) се стандардот за откривање на мозочни повреди, но тие се бавни и скапи, дури и за болниците кои ги имаат. Компјутерската томографија (CT), пак, е побрза и поевтина и ја има во повеќето здравствени установи, но со неа лесно може да не се забележат некои TBI.



Менли тестирал крв од 450 пациенти кај кои се сомневал дека постои TBI но кои имале чист CT скен, во која барал траги од GFAP за кој тој смета дека е биомаркер за мозочни повреди. Две недели подоцна на истите пациенти им била направена магнетна резонанца.

Иако крвниот тест за кој биле потребни 15 минути и бил направен со рачен i-STAT Alinity уред не ги предвидел MRI резултатите совршено, било заклучено дека пациентите со најголема количина GFAB имале 8 пати поголема шанса да им биде дијагностицирана мозочна повреда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...