Лепенка за кожа за следење на виталните функции

Како што технологијата која што се носи се усовршува постојано, некои медицински гаџети се многу блиску да можат беспрекорно да се спојуваат со нашата кожа.

Сега, истражувачи од универзитетот Стенфорд креирале флексибилна електронска лепенка која безжично може истовремено да го следи пулсот, дишењето и мускулната активност.

Системот е познат како BodyNet, а функционира така што меките и лесни сензори кои комфорно се спојуваат со кожата незабележливо се растегнуваат со секое движење, отчукување на срцето, или здив.

Прецизно измерените податоци потоа се испраќаат од лепенката до флексибилен приемник закачен некаде на облеката.

Сега засега оваа технологија е демонстрирана на само една индивидуа, а приемникот е голем, па така тимот истражувачи кои ја имаат креирано планираат да го рафинираат дизајнот уште повеќе. Во иднина, тие се надеваат дека лекарите би можеле да ги користат ваквите лепенки за следење на пореметувања со спиењето и состојбата на срцето, во реално време.



Антените вклучени во лепенката се направени од метално мастило и се испринтани директно на неа, а како што таа се растегнува, низ мастилото поминува електрицитет чиј интензитет постојано се менува, со тоа мерејќи ја активноста на личноста која што ја носи.

Безжичниот систем кој се користи за испраќање на податоците е базиран на RFID технологијата (идентификација со радиофреквенција), која се користи, на пример, за влегување во хотелска соба со идентификациска картичка. Истражувачите сега работат на вметнување на сензори за пот, температура и друго, како и на намалување на приемникот за да еден ден истиот може да биде сошиен директно во облеката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...