Нов вид вирус не припаѓа на ниту една од веќе познатите категории

Истражувајќи свински фекалии, јапонски научници откриле нов вид на вирус кој не припаѓа на ниедна од веќе познатите категории во поглед на тоа како функционира.

За разлика од живите организми кои спаѓаат во 3-те групи – бактерии, археи и еукариоти – вирусите се фундаментално различни бидејќи немаат клетки.



Недостатокот на клеточна анатомија ги прави тешки за класифицирање од биолошка гледна точка, а во научните кругови се правени мноштво дебати на темата дали тие се воопшто живи.

Сепак, постои некаков општ договор во врска со тоа што претставува еден вирус, а тоа е дека се работи за честичка направена од генетски материјал (нуклеинска киселина), заштитена со протеинска обвивка која може да инфицира клетки и штом е во нив, да се размножува.

Сега, непознатиот вирус откриен од истражувачите од универзитетот за земјоделство и технологија во Токио (TUAT) се спротивставува на ова толкување, бидејќи нема структурни протеини, што значи не може да направи вирусна честичка.

Се работи за вид на ентеровирус Г (EV-G), кој припаѓа на фамилијата Picornaviridae.

Многу видови на EV-G претходно биле идентификувани од научниците, но новата „дефективна“ варијанта има непознати гени наместо структурните протеини кои овие вируси обично ги имаат.

Според тимот, новооткриениот вирус EV-G тип 2, не би можел самиот да нападне клетка – а штом не може тоа да го направи и да се шири, како тогаш воопшто постои?

Едно од објаснувањата е дека тој може да експлоатира друг вирус, наречен „помошен вирус“, кој би можел да му ги позајми структурните протеини. Возможен доказ за ова исто е пронајден во свинските фекалии кои биле анализирани, каде биле детектирани геноми од EV-G тип 1 и тип 2.

За да се добие одговор на прашањето дали овој вирус навистина се размножува на овој начин или не, ќе бидат потребни уште нови истражувања, а според научниците можеби сме соочени со сосема нов систем на вирусна еволуција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...