Имунотерапија со која еден ден би можеле да се третираат сите канцери

Тим од универзитетот Кардиф откриле нова метода за убивање на ракот на простата, градите, белите дробови и други видови на канцери во лабораториски тестови (не врз пациенти).



Нашиот имунолошки систем е природната одбрана на телото против инфекции, а истиот ги напаѓа и канцерогените клетки. Научниците постојано бараат „неконвенционални“ и претходно неоткриени начини да го „натераат“ имунолошкиот систем да ги напаѓа туморите, со што било откриено дека Т-клетките во крвта се исто така имунолошки клетки кои можат да го скенираат телото за да откријат дали некаде во него постои закана која треба да се елиминира.

Сега, нов вид на Т-клетки се способни да се борат со разни видови на канцери, за што претходно не се верувало дека е возможно.

Т-клетките имаат рецептори на нивната површина која им овозможува да „гледаат“ на хемиско ниво, а тимот од Кардиф открил Т-клетка со рецептори кои можеле да откријат и убијат канцерогени клетки во лабораториски услови, и тоа од рак на бели дробови, кожа, крв, црева, гради, коски, простата, јајници, бубрези и грло на матка, без да ги оштетат нормалните клетки и ткива.

Како овие нови клетки тоа го постигнуваат сè уште се истражува, а познато е дека нивниот рецептор има интеракција со молекулот MR1, кој го има на површината на секоја клетка во човечкото тело. Се смета дека MR1 навлегува во канцерогените клетки и на тој начин го „обележува“ променетиот метаболизам кој се случува во нив за да биде забележан од имунолошкиот систем.

Имунотерапии со Т-клетки веќе постојат и го претставуваат можеби највозбудливиот напредок на полето на борба против канцерот, но тие функционираат само врз одреден број на канцери.

Новата терапија би функционирала така што прво би се земал примерок на крв од пациентот, по што нивните Т-клетки би биле екстрахирани и генетски модифицирани т.е репрограмирани да го прават рецепторот MR1. Потоа, ваквите клетки во голем број би биле растени во лабораторија и потоа ставени во телото на пациентот. Целиот процес е всушност ист како и кај досегашните имунотерапии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...