Лек против кашлица помина уште еден тест за третирање на Паркинсонова болест

Лек откриен пред над 50 години кој долго време се користел во сирупи против кашлица и за лекување на респираторни заболувања покажал одлични резултати во третирање на многу различен вид на болест – Паркинсоновата болест.



Амброксол, активното соединение во сирупите против кашлица уште од 1970-тите има потенцијал да го сопре напредокот на Паркинсоновата болест, а оваа година лекот помина две важни пресвртници кои не доближуваат до креирање на нов третман.

Минатиот месец, мулти-институционален тим истражувачи водени од универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) ги објавиле резултатите од втората фаза клиничко тестирање кои сугерираат дека амброксол е безбеден и добро толериран од човечките пациенти со Паркинсонова болест, наговестувајќи дека има возможни невропротективни ефекти кои треба дополнително да се истражат во идни тестирања.

Студијата на амброксол е важна бидејќи моментално нема третмани кои ја забавуваат или сопираат болеста, како и такви кои ги елиминираат нејзините ефекти, туку сите сегашни лекови се справуваат само со симптомите.

Во последното тестирање, биле набљудувани 17 пациенти кои земале амброксол секој ден во период од над 6 месеци.

Покрај проверувањето дали терапијата е безбедна при администрираната доза, истражувачите сакале да проверат и дали амброксолот ја поминува бариерата помеѓу мозокот и крвта и како терапијата влијае на пациенти со или без мутации на генот GBA1.

Мутациите на овој ген се сметаат за најважниот генетски ризичен фактор за Паркинсоновата болест, бидејќи одредени варијанти на генот носат поголем ризик од развивање на болеста во рана возраст, со побрз развој на симптомите.

Научниците сметаат дека тоа се случува бидејќи мутацијата го инхибира природното ослободување на протеините глукоцеребросидаза (наречени GCase), кои го вршат процесот на „чистење“ на мозокот, спречувајќи штетно таложење на протеинот алфа-синуклеин, кој се смета за главен предизвикувач на когнитивната дисфункција која се случува кај Паркинсоновата болест.

Со зголемување на нивото на Gcase, амброксолот им овозможува на клетките да го исфрлат „отпадот“, со што тие се одржуваат здрави подолго време , и со што е можно забавување на прогресот на Паркинсоновата болест.

Студијата покажала дека лекот успешно ја пенетрирал бариерата помеѓу мозокот и крвта и дека нивото на GCase протеинот било зголемено за околу 35%, а не била откриена разлика во реакцијата на лекот помеѓу пациентите со GBA1 мутацијата, и оние без неа.

Следната, трета фаза од клиничкото тестирање ќе започне наскоро и ќе трае уште подолго, со поголем број на пациенти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...