Трепкачки светла како нов третман за Алцхајмеровата болест

Алцхајмеровата болест е невродегенеративна болест која е неизлечива, а која уништува скоро една третина од мозочната маса преку таложење на амилоидни протеини помеѓу невроните.



Иако за неа постојат третмани во форма на лекови, тие се способни само да го забават нејзиниот неизбежен прогрес, а сега истражувачи од технолошкиот универзитет во Џорџија и универзитетот Емори развиле третман кој еден ден би можел да ги елиминира последиците од болеста.

Во лабораториски тестови, тие откриле дека трепкачки светла кои пулсирале со многу специфична гама фреквенција (40 пати во секунда) предизвикувале мозокот да испушта сигнални хемикалии кои можат да помогнат во борбата против болеста. Една од овие хемикалии ги активира мозочните клетки од типот микроглија. Овие специјализирани клетки се примарната имунолошка одбрана во мозокот и функционираат како „ѓубреџии“ кои ги чистат патогените како што се амилоидните наслаги. Меѓутоа, Алцхајмеровата болест ја спречува оваа нивна функција, а со новиот третман тие би можеле повторно да се активираат.

Првиот пробив на ова поле бил постигнат во 2016-та, кога истражувачите користеле релативно нова техника наречена оптогенетика за стимулирање на мозоци на глувци – третман каде генетски код чувствителен на светлина може да биде додаден на невроните за да истите можат индивидуално да се контролираат. Со таа техника, истражувачите со помош на трепкачка светлина со одредена гама фреквенција успеале да ја мобилизираат микроглијата кај глувците модифицирани да развиваат амилоидни наслаги.

Во новата студија, на сличен ваков третман биле додадени и дополнителни протеини кои сигнализираат останати видови на клетки. Стробоскопските светла, во суштина, функционираат како еден вид на аларм кој повторно ја активира инаку „заспаната“ имунолошка реакција.

Истражувачите откриле дека визуелната стимулација ги активира промените во имунолошкото сигнализирање по само 15 минути, што е значително побрзо во однос на било која досегашна терапија со лекови, за чии ефекти се потребни часови додека се пoјават.

Моментално во тек е тестирање на оваа техника врз мал број пациенти со Алцхајмерова болест, врз кои се користи неинвазивна стимулација преку специјални очила, а резултатите од оваа студија ќе бидат откриени во наредните месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...