Зборовите и мелодиите се декодираат во различни делови на мозокот

Слушањето песни е вообичаена активност која ја вклучува способноста на мозокот да врши тешки задачи како процесирање на говор и музика во исто време.



Во нова студија се истражувало како мозокот го постигнува ова и било заклучено дека разликувањето на зборови и мелодии во песните се случува во две различни страни на мозокот.

Инспириран од способноста на одредени птици да ги двојат звуците користејќи две мерки (време и фреквенција), Роберт Заторе, професор на невролошкиот институт во Монтреал, сакал да истражи дали истото се случува и кај луѓето.

За тоа да го постигне, со помош на композитор и сопрано пејач, биле креирани 100 уникатни акапела песни од 10 реченици отпеани во 10 оригинални мелодии, долги по неколку секунди. Потоа, тајмингот и фреквенцијата на некои од снимките биле изменети пред 49-те партиципанти да бидат прашани дали мелодијата и зборовите биле исти или различни.

Било откриено дека кога бил променет тајмингот, партиципантите повеќе не можеле да ги разберат стиховите, но можеле да ја препознаат мелодијата. Од друга страна, пак, кога фреквенциите биле дисторзирани, стиховите биле препознатливи, но не и мелодиите.

Додека ги слушале песните, мозоците на партиципантите биле скенирани со функционално MRI, а резултатите покажале дека различни страни на мозокот биле вклучени во декодирање на секој елемент. Зборувањето примарно било процесирано во левиот аудиторен кортекс, додека мелодиските делови во десниот.

Идејата дека левата и десната страна на мозокот реагираат на говор и музика различно не е непозната. На пример, студии покажале доколку мозочниот удар се случи во левата хемисфера, поверојатно е да се оштети говорот во споредба со доколку тој се случи во десната. Оштетувањето на делови од десната хемисфера, пак, може да влијае на способноста за перцепција на музика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...