Oткриен втор вид на шизофренија

Шизофренијата можеби не е една иста дијагноза која може да се примени на секого, како што тоа досега се сметало.

За прв пат, истражувачите укажале на два различни вида шизофренија, базирани на формата и структурата на мозокот.



Научниците од школата за медицина при универзитетот на Пенсилванија скенирале мозоци на над 300 луѓе со шизофренија, како и над 360 здрави кои служеле како контролна група.

Според обемот на мозочната сива маса, истражувачите успеале да идентификуваат два различни невроанатомски подтипови на шизофренија. Кај шизофренијата од под-тип 1, околу 60% од пациентите имале помалку сива мозочна маса во споредба со здравите луѓе, додека кај онаа од под-тип 2, количината на сива мозочна маса била многу слична како кај луѓето без шизофренија и делувала скоро нормално.

Тоа значи дека во иднина пациентите ќе се класифицираат според тоа кој под-тип на шизофренија имаат, наместо како досега.

Шизофренијата е ментална болест карактеризирана со епизоди од психози, а симптомите можат да варираат меѓу пациентите. Вообичаени симптоми кои типично ги има секој се халуцинации, слушање на гласови, параноични мисли, неорганизирано размислување и заблуди т.е делузии.

Иако може ефективно да се третира со лекови, често пати е многу тешко да се пронајде вистинскиот третман. Некои луѓе добро реагираат на одредени лекови, додека кај некои пак тие воопшто не делуваат. Сега, истражувачите сугерираат дека можеби причината за тоа се различните под-видови на шизофренијата, а ова ново откритие би помогнало за креирање на поефективни и персонализирани третмани за оваа состојба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...