Можен лек за хронични болки од змија ѕвечарка

Постои можност соединение од отровот на јужно американската змија ѕвечарка еден ден да се користи за олеснување на хроничните болки, откако научниците откриле начин како да му се редуцира токсичноста и да му се зголемат аналгетските својства.



Кротоксин, соединението кое го има во отровот на змиите ѕвечарки, веќе е познато дека е анти-инфламаторно средство против болки, и мускулен парализатор.

Новата студија покажува дека кротоксинот може да се направи значително помалку смртоносен доколку е спакуван во наноструктура од силика SBA-15.

Според тестовите врз животни, вака спакуваниот кротоксин би можел да нуди надеж за милиони луѓе кои живеат со невропатска болка, предизвикана од оштетени нерви или неисправен нервен систем, а која се карактеризира со чувство на боцкање или горење. Вообичаените лекови против болка често немаат никаков ефект на ваквиот вид на нервни болки.

SBA-15 силика е вид на порозен наноматеријал оригинално развиен за продукција на вакцини, бидејќи може да ја забави хемиската реакција предизвикана од вакцината, за да се создадат доволно антитела. Во овој случај, овој материјал штити против токсините од отровот.

Тестовите покажале дека една доза била доволна да се елиминира хиперноцицепцијата (зголемена чувствителност на болни стимулации) во период од 48 часа.

Иако овие резултати се исклучително позитивни, сè уште не чека долг пат за да биде креиран лек против болки базиран на кротоксинот, а причината за тоа е што се работи за голем молекул со комплексна структура кој е тежок за реплицирање во лабораторија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...