Коктелот од антитела на „Ели Лили“ го намалува бројот на смртни случаи од Ковид-19

Американската фармацевтска компанија „Ели Лили“ вчера повторно објави позитивни резултати од третманот за Ковид-19. Се работи за мешавина од две синтетички антитела којашто го намалува бројот на згрижувања во болница, како и смртните случаи за 87 отсто, според истражувањата на компанијата.



Кон крајот на јануари, компанијата објави дека комбинацијата на двете антитела бамланивимаб и етесевимаб, ја намалува опасноста од хоспитализација и смрт за 70 насто. Дозите беа 2,8 грама за секое антитело. Овојпат дозата на бамланивимаб е 700 милиграми, а на етесевимаб – 1,4 грама.

Клиничкото испитување опфатило 769 лица на над 12-годишна возраст, кај кои имало позитивен тест за Ковид-19 и кои имале фактори на ризик што ги прават повеќе склони кон болеста. До 511 од нив добиле лек, а 258 добиле плацебо-лек.

Меѓу оние третирани со комбинација на антитела, четворица биле згрижени в болница и никој не починал. Во плацебо групата, 11 биле згрижени, а четворица починале од коронавирусот.

Лекот беше итно одобрен во САД на почетокот на февруари (во доза од 700 мг бамланивимаб и 1,4 гр етесевимаб), за лица изложени на ризик, или поради возраста или други болести. Овие синтетички антитела коишто се примаат интравенски, се лабораториска верзија на одбранбените клетки на организмот.

Имунолошкиот систем произведува антитела во телото кога ќе се сретне со вирусот, со цел да се ослободи од него. Па така, зголемувањето на нивниот број кај поризични лица им помага на нивниот имунолошки систем побрзо да го победи вирусот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...