Британците тврдат дека имаат лек кој делува против Омикрон

Британскиот производител на лекови „Glaxo Smith Kline” соопшти дека неговиот лек Сотровимаб односно терапија против Ковид-19 заснована на антитела, на која работат со партнер од САД, ,,Vir Biotechnology” е ефикасна против сите мутации во новата варијанта на коронавирус – Омикрон, истакнувајќи дека станува збор за најнови податоци од студија во рана фаза.



Резултатите од студијата, кои допрва треба да бидат разгледани и објавени во рецензирани медицински списанија, сугерираат дека третманот со Сотровимаб е ефикасен против сите 37 мутации досега идентификувани на шилестиот протеин, се вели во изјавата на „Glaxo Smith Kline”.

Друг претклинички резултат од истражување спроведено минатата недела покажа дека лекот делува против клучните мутации во варијантата Омикрон.

Сотровимаб беше дизајниран да се врзува за шилестиот протеин на површината на коронавирусот, но беше откриено дека Омикрон има невообичаено голем број мутации во тој протеин.

Коронавирусот предизвикува инфекција со помош на протеинот на неговата површина или шилестиот протеин со чија помош се врзува и влегува во клетките на телото и предизвикува болест. Затоа, повеќето вакцини се развиени на начин што го таргетира шилестиот протеин па вакцината во телото предизвикува производство на антитела и Т-клетки кои се насочени против шилестиот протеин и го спречуваат навлегувањето на коронавирусот во клетките на домаќинот.

– Овие претклинички резултати од истражувањето укажуваат на тоа дека нашето моноклонално антитело може да биде ефикасно против најновата варијанта, Омикрон, но и против сите други варијанти кои досега ги дефинираше СЗО, изјави главниот научен директор на ГСК, Хал Барон.

„Glaxo Smith Kline” и ,,Vir Biotechnology” создадоа таканаречени псевдовируси кои содржат значајни мутации на коронавирус во сите сомнителни варијанти што се појавија досега, и спроведоа лабораториски тестови за нивната реакција на лекување со Сотровимаб.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...