Чудни болести кои не сте знаеле дека постојат

Сите луѓе се исти, оваа максима кој знае колку пати сме ја слушнале. Можеби тоа е така гледано од биолошка гледна точка. Сепак, приказната е сосема поинаква од медицинска страна, а доказ за тоа се осумте ликови и нивните приказни кои очигледно се „склопени“ според некоја сосема поинаква шема.

Жена доживува 200 оргазми дневно

Дваесет и четиригодишната Сара Кармен страда од Синдром на пореметено сексуално надразнување. Таа може во било кое време може да доживее оргазам, предизвикан од најбанални работи, како на пример фен за коса кој емитува вибрации, па дури и од алатот за педикир кој вибрира! После години живеење со овој проблем, таа научила како добро да го скрие оргазмот. Секој пат кога ќе доживее оргазам нејзиниот глас станува повисок, го губи текот на мислата, а понекога дури мора да замолчи на неколку секунди, а секој пат кога ќе се почувствува непријатно, оргазмот го прикрива со кашлање.

- Понекогаш е убаво да се доживуваат толку оргазми на ден. Чудното е што пореметувањето се појави од никаде, а така може и да исчезне. Затоа се трудам да го искористам нарушувањето и да уживам што е можно повеќе, вели Кармен.

Човек кој не чувствува студ

Вим Хоф, познат како „Ледениот човек“ без проблеми ги поднесува и најниските температури, бидејќи не чувствува студ! Овој Холанѓанец како супер херој може да плива под мраз, а се искачи и на Мон Блан носејќи само шорц и истовремено постави и светски рекорд.

Девојка алергична на вода

Ешли Морис страда од пореметување, кое на латински се нарекува Aquagenic Urticaria, а се манифестира така што при секој контакт со вода станува вистинско мачење. Таа дури е алергична и на сопствената пот, која секој пат кога ќе дојде во контакт со нејзината кожа (што значи секој ден) предизвикува непријатен осип. Иако нашиот организам во себе си содржи 80% вода, нејзината кожа одбива да го прифати тој факт.

Може да јаде само „Тик Так“ бонбони

Седумнаесетгодишната Натали Купер може да се храни исклучиво само со малите и бели бонбони. Сè друго што ќе изеде и создава мачнина, а потоа повраќа. Токму затоа пеперминт бонбоните се единствениот вид „храна“ кој оваа тинејџерка може да ја јаде. Останатите хранливи материи ги добива преку специјално формулирана каша која ја внесува преку цевче.

Алергија на современа технологија

Повеќето од нас не можат да преживеат без модерната технологија и „гаџетите“ кои секојдневно ни го олеснуваат животот. Сепак, Деби Бирд не се сложува со тоа. Таа е алергична на технологија, поточно на нејзиното тело се појавува осип секој пат кога ќе се приближи до мобилен телефон, микробранова печка, компјутер или ако се најде во дометот на електромагнетите полиња.

Момче кое не спие

Рет Лемб е како обично момче кои изгледа како секое друго дете, но разликата е во тоа што тој не може да спие. Тој постојано е буден и со својата инсомнија ги тероризира родителите, кои долго не знаеле што е проблемот. После серија тестирање, дознале дека станува збор за ретка медицинска состојба која се нарекува Арнолд-Кјариева малформација која ја отежнува циркулацијата и апсорбирањето на мозочната течност.

Човек кој не може да се здебели

Некои би рекле дека оваа медицинска состојба е благослов, но не и за господинот Пери, кој на секој можен начин се обидел да се здебели. Јадел пити хамбургери, вкусни десерти и сите оние јадења кои нормално би нарекле калориски бомби, но за жал неговата тежина не се менувала. Тој боледува од состојба наречена липодистрофија, поради која неговото тело брзо ги согорува мастите.

Паѓа во несвест кога се смее

Секој сака добар хумор, шеги, забава, но држете ги шегите по настрана од Кеј Андервуд. Оваа тинејџерка боледува од катаплексија, која всушност е нагло деактивирање на мускулите, предизвикано од силни емоции. Тоа може да биде предизвикано од смеење, лутина, но и чувство на задоволство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...